ТАТРАН - ВАРДАР 22-29 (8-10)
Вардар: Кугис, Гедбан, Кизиќ, Дибиров 5, Горбок 4, Шишкарев 4, Криштопанс 3, Пелко 3, Чупиќ 3, Калараш 3, Горпишин 2, Кукулоски 1, Димитриоски 1, Карапалески, Скубе, Атман
Вардар рутински ја одработе својата СЕХА задача во словачкиот Прешов. Со победа од ... над Татран се враќа во Скопје да ги доработи подготовките за второто годинешно одмерување на силите со германскиот Кил.
Каков натпревар се играше во Прешов најдобро покажува резултатот 5-5 по 20 минути игра во првиот дел. Грешки, промашувања, долги периоди во кои ниту еден тим не погодуваше...
Во последните 10 минути од полувремето малку се раздвижија работите, па Вардар со водство од 10-8 замина на одмор.
Во вториот дел Татран намали на 10-11, по што за десет минути следеше серија од 7-1 за Вардар, водство од 18-11 и натпреварот беше решен.
Доминацијата на Вардар продолжи, па во 42 минута имаше за прв пат плус девет гола (21-12). Во последните десет минути, Вардар имаше во два наврата и плус 10, во игра влегоа и помладите играчи, разликата битно не се промени и бодовите се запишани на контото на Вардар.