Нов трансфер на Ленче Илкова

Поранешната македонска репрезентативка, Ленче Илкова (34) направи нов трансфер, но останува во Турција. Илкова заминува од екипата на Кастамону, а продолжува во Измир. 

За Илкова, Измир Белидеси ќе биде петти клуб од Турција. Во кариерата која почна во Млаз Богданци, а продолжи во Еуростандард и Кометал Ѓ. П., Иликова има играно и во екипите на Муратпаша каде од Македонија замина во 2010, потоа продолжи во Ушкудар, па во Анкара Јенимале, за Кастамону да биде нејзиониот последен клуб. 

Сега, како што објавуваат турските медиуми, во последен момент направила трансфер во Измир. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk