Диви Јуниор на голот на Ратинген

Македонскиот голман Петар Ангелов, заедно со Филип Лазаров и Аце Јоновски кариерата полека ја привршува во германскиот клуб Ратинген, каде што во вториот тим сезонава ќе игра и Кире Паланков, уште еден играч од Македонија. 

Петар Ангелов има посебна причина да го одбележи и заокружи во календарот денешниот ден. Неговиот 13 годишен син Лео Ангелов, официјално го запиша своето деби за екипата на Ратинген во пионерска конкуренција. Лео Ангелов го носи дресот со број 16 и погодувате е голман. 
Сега останува да повериме, колку во нивниот случај важи поговорката дека крушата под круша паѓа.

Неговата екипа запиша трета по ред победа и во моментов е на првото место на табелата во лигата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk