ВРТЕЛЕШКА НА НАЈЈАКО: ЧСМ остана без тренер

Тренерската вртелешка кај некогашниот европски првак ЧСМ Букурешт, е заглавена на најголема брзина. Летово од клубот си замина Драган Ѓукиќ, а на неговото место дојде шведскиот тренер Томас Риде. 
Тој не го дочека ни стартот на сезоната. 

По пет кола во Романија од кои два се порази и веќе титулата е одново предадена на Влчеа, Томас Риде поднел оставка, објавија денеска романските медиуми. 

Како се менуваат тренерите во ЧСМ, можеби најдобро ќе ви доловиме со еден детал што ни го раскажа нивниот претпоследен тренер, Драган Ѓукиќ кога летово беше во Скопје. 

Драган Ѓукиќ добил на користење службено возило БМВ што пред него го возеле Хеле Томсон и Магнус Андерсон, двајцата претходници.

Автомобилот имал изминато само 1500 километри. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk