ПСЖ го нуди Карабатиќ, Барса го одбила!

Каталонското радио RAC1 објави информација од нивни извори дека ПСЖ ѝ го понудил Никола Карабатиќ на Барса за следната сезона. И тоа не само него, туку уште неколку ѕвезди чии имиња не се споменати се понудени на Барса. 

Одговорот од каталонската престолнина е негативен. 

Веруваме дека информациите на каталонските колеги се веродостојни, што потегот на парижаните го прави во најмала рака чуден. Но, ако се покаже дека е точно, а ако Барса не сака, сигурно има многу други тимови финансиски моќни што ќе сакаат, тоа може да значи играчки земјотрес на трансфер маркетот за следната сезона. 

ПСЖ во своите редови ги доведе најдобрите француски ракометари и најпопуларните светски ѕвезди како Микел Хансен, Уве Гензајмер, Сандер Сагосен итн. 
Сагосен следното лето заминува за Кил, во ПСЖ доаѓа Криштопанс, но доколку Париз реши да се ослободи од Карабатиќ, тогаш следната сезона нема ништо да биде исто, не само во ПСЖ, во цела Европа, воопшто. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk