Селекторот Данило Брестовац селектираше 19 ракометари за првиот собир под негово водство на новата кадетска репрезентација на Македонија.
Кадетскиот тим од Генерацијата 2002-03, ќе настапи на Балканскиот Кадетски Шампионат што ќе се одржи во Бугарија.
Репрезентацијата прозивката ќе ја има на 7 октовмри во Скопје. Има доста интересни имиња на овој список. Од најголемата струшка надеж - Емилијан Ѓоргоски, преки играчот за кој Металург смета дека е вонсериски капацитет - Теодор Тодески, па 204 см високито пивоет на Аеродром, Стефан Стојчевиќ, до центарот од истиот тим то го споредуваат со Миркуловски - Марко Митев.
Има материјал за работа селекторот, но останува во директна споредба да видиме дали нашите очекувања се поголеми од нивните можности.
Оваа репрезентација следната година на Кадетски ЕХФ Шампионат што ќе се одржи во Скопје, ќе брка пласман на ЕХФ Еуро.