До почетокот на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка има уште точно 100 дена. Македонија ќе игра во Виена, во група со репрезентациите на Австрија, Чешка и Украина. Две репрезентации продолжуваат во главната фаза, што исто така ќе се игра во Виена.
Групата во која е Македонија вкрстува со групата од која двата патника ќе се бираат меѓу Хрватска, Србија, Ц. Гора и Белорусија.
Многу поволна ждрепка и шанса каква што ретко се добива, посебно што овој пат и додадена вредност е можност да се оди во олимписки квалификации.
За добар резултат, потребна е и поддршка од трибините, а на 100 дена неофицијалните бројки велат дека се пребројани околу 1500 до 2000 билети што се во посед или се резервирани за македонски фанови. Тоа е до овој момент, имајќи предвид како стојат работите со наите фанови, вистинската побарувачка почнува во декември.