Познати уште два патника за ОИ Токио

Квалификациите за ОИ Токио во женска конкуренција, во Африка и Азија се завршени. На главниот турнир во Токио ќе патуваат репрезентациите на Ангола и  Јужна Корејам додека Сенегал и Кина ќе играат дополнителни квалификации. 

На африканскиот турнир учествуваа само три репрезентации. Во финалето Ангола со 22-14 го совлад Сенегал. 

Во азиските квалификации Јужна Кореја имаше скор од 5-5-0 и директно се пласираше за ОИ. За второто место се направи т,.н. круг во кој беа три тима (Казахстан, Кина и Северна Кореја). Кина имаше најдобар скор, односно гол разлика од меѓусебните дуели и ќе игра дополнителни квалификации. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk