ПРВА ЛИГА 2: Аеродром, КЛ7 и Тиквеш се без грешка

АЕРОДРОМ - БОРЕЦ  37-21 (19-10)
Митев 11, Омерагиќ 6, Стојчевски 4 - Стојанов 9, Јорановски 3, Сиљанов 3
ТИКВЕШ - ПРЕСПА  34-22 (15-9)
Коцев 8, Меловски 8 - Даскаловски 8, Шаклевски 5
ЈЕХОНА - КЛ7     27-34 (12-18)
Стојков 10, Симоноски 6
МЛАДОСТ - ПАРТИЗАН  одложено

Екипите на Аеродром, Тиквеш и КЛ7 се со максимално остварување по две одиграни кола во Првата лига и со нетпрение се очекуваат нивните меѓусебни дуели за да се види вистински како ќе изгледа втората група во Прва лига. 

Аеродом си поигра со Борец и го совлда со 16 гола разлика, на меч на кој Марко Митев постигна 11 гола. Уште од почетокот на мечот се виде дека некогашниот првак нема да има никаква шанса.
Аеродром брзо се одлепи на плус шест, потоа константно ја зголемуваше разликата. 
Покрај Аеродром победа над некогашен шампион запиша и Тиквеш. Тие ја совладаа Преспа, убедливо над очекувањата со 11 гола разлика. Коцев и Меловски беа играчите што му донесоа нови три бода на тимот на Тиквеш. 

КЛ7 и од второто гостување, овој пат во Гостивар, се врати со три бода. Јехона, уште еден дебитант го запиша за себе вториот пораз.
Следното коло, КЛ7 ќе игра дерби натпревар на кој противник ќе му биде тимот на Аеродром. 

Младост Богданци можеби ќе се приклучи на ова трио на непоразени екипи. Нивната средб со Партизан во Богданци не се одигра поради дефект на електричната мрежа по што во салата немаше струја и играчите 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk