ВИДЕО: Му „продадоа“ четири цепелини на Флензбург

Пик Сегед и Флензбург ги поделија бодовите во третото коло од Лигата на шампионите играјќи 24-24 во Сегед вчера вечер. 
Домашните беа поблиску до победа, имаа зицер во последната минута што заврши во стативата, а потоа Флезнбург напаѓаше без успех за победа. 

Од оваа средба покрај 11/11 на довчерашниот играч на Фленбург, Богдан Радивојевиќ, ќе останат и дури 4 цепелини што домашните ги претворија во гол. На меч каде што резултатот се кршеше 60 минути и еден таков шут е многу.. четири се за одбележување. Поранешниот вардаров играч Џуан Кањељас три пати милиметарски точно сервираше додавење. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk