Дамите поразени од Чешка, ЕП стана далечно

МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА   29-37 (14-14)
Македонија: Серафимова, Петковска, Антиќ, Ливриниќ 12, Георгиевска 5, Гакидова 4, Ристовска 4, Јанкуловска 2, Николовска 1, Саздовска 1, Калаџиоска, Стојановска, Кипријановска, Џатевска
Најдобри стрелци за Чешка: Лузумова (Корешова) 11, Захова 7

Женската репрезентација на Македонија е поразена и на вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020. По поразот од Шведска во првото коло, вечерва Македонија загуби и од Чешка (29-37) и со тоа во пракса ги сведе шансите за пласман на ЕП во рамките на теоријата. Во пракса, против тимот на Португалија ќе се бориме за бодови и спречување на поголем пад на ранкингот, односно преселба во шешир со повисок број. 

Македонија натпреварот го загуби во второто полувреме, откако по првите 30 минути беше нерешено 14-14. Но, и во првиот дел контролата на резултатот и играта ја имаа гостинските ракометарки. Израмнето се играше до резултат 9-9, потоа Чешка за момент се одлепи на плус три гола, но Македонија успеа да извлече добар резултат во првиот дел (14-14). 
Во вториот дел по пропуштените шанси да поведеме, контролата одново ја презменаа гостите поведоа со 4-5 гола разлика и потоа во последните 15 минути, ја одржуваа без поголеми тешкотии затоа што нашата одбрана не беше на вистинското ниво. 

Генерално за нападот нема премногу забалешки, иако токму грешките во напад во првиот дел им донесоа предност на гостите. сепак, одбраната е нешто што мора да го загрижи селекторот. Дури и бројките сами си кажуваат - примивме 37 гола. 

Ливрниќ беше најефикасниот играч во нашиот тим, и можеби ја одигра својата најдобра партија во репрезенацијата досега. Стандарни Георгиевска и Ристовска беа на листата на стрелци..

Во нашата група се уште и Шведска и Португалија. Денеска победи Шведска со 39-18 и сега заедно со Чешка со по четири бода од две средби се речиси сигурни патници на ЕП. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk