Сениорите ќе тестираат со Турција и Грузија

Македонската репрезентација ќе има контролни натпревари во Неделата на ЕХФ што е закажана од 21 до 28 октовмри. 
Селекторот Данило Брестовац, со оглед на тоа дека нашите ракометари репрезентативци главно имаат лимитирана минутажа во своите клубови е принуден подговотките да ги планира со играње на што повеќе натпревари. 

Октомвриската сесија за сениорите ќе содржи четири натпревари. Два со Турција како гости и два со Грузија во Скопје. 
Со Турција е веќе договороено, со Грузија течат формалности, затоа што нив за гостување во Македонија им се потребни визи. И тоа е процедура што одзема време. 

Данило Брестовац со оглед на тоа дека во прв момент нема да ги има на располагање сите играчи, во Турција ќе тестира малку подмладден и изменет состав во кој главен збор покрај дел од стартерите ќе имаат и репрезентативците што долго се борат за влез на списокот.  Календарот во Бундес лигата наметнува свои правила и затоа е тоа така. 
Тоа што Турција истата недела игра официјални натпревари само му оди во прилог за формирање на поширок список. 

Против Грузија во Скопје, ако се оди како што треба би се играло во период од 24 до 26 октомври, а тогаш треба да сме комплетни. Со сите „Германци“ и Кирил Лазаров. Очекуваме и гостите да бидат комплетни и во Скопје да ги видиме и синот на некогашниот вардарец Тите Каландаѕе кој во моментов игра за Шамбери и важи за вонсериски талент. Исто и десниот бек на Монпеље, Чковербадѕе би требало да биде овде и заедно со добро познатите од играње во Македонија (Чантурија, Иракли, Орјоникидѕе, Цитешвили, Дикамиџија, Мсквалидѕе) и играчи како Чиковани, Датукашвили итн. 
Сосема солиден состав што би требало да биде токму тоа што му треба на Брестовац за овој период од годината. 

Со оваа акција Македонија 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk