ГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕСКА: Македонија, деби на Вујо, Келце, Пик Сегед...

Светлото на рефлекторите денеска ќе биде наменето за настапот на женската репрезентација во квалификациите за ЕП 2020. Избраничките на Симе Симовски денеска од 18:00 часот во „Борис Трајковски“ во рамки на второто коло се среќаваат со репрезентацијата на Чешка. 

Гостите се фаворити, ги предводи познатата Ивета Лузумова, ракометарка на Туринген, таа сега има ново презиме, Ивета Корешова. Лесно го совладаа тимот на Португалија во првото коло, ако победат и денеска, шансите на Македонија да се најде на ЕП се намалуваат до рамки на теорија. 

Денеска се играат вкупно четири натпревари од квалиикациите, а на терен се сите од групата на Македонија. Португалија ја пречекува Шведска. 

Во Лигата на шампионите дуелот меѓу Порто и Келце е најзначаен за македонските фанови затоа што се работи за дуел на екипи од групата на Вардар. И тоа еден од директните ривали, Келце е на жежок терен. Средбата почнува во 20:00 часот.

Најинтересен од сите други аспекти е мечот меѓу Флезнбург и Пик Сегед. Вистински тест за силата на новиот Сегед и ангажираноста на Флезнбург во годинешната ЛШ. Овој меч е од 17:30 часот. 

Фановите на Вујо, ќе можат да го следат неговото деби на клупата на Загреб на мечот со Барса, во Задар од 20:30ч. 


Во македонската Супер лига денеска се играат три средби: Од 14:00 часот играат Струга и Вардар Јуниор, потоа од 19:00 часот играат Пролет и Работнички односно Охрид и Радовиш. 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk