Акамбре се враќа во Франција

Кариерата на еден од најголемите француски потенцијали, Вилијам Акамбре, не отиде во правец што се очекуваше. Повредите го спречија да го покаже најдоброто од себе, во меѓувреме конкуренцијата го прегази и тој мораше да бара начин како да ја рестартира кариерата. 

Рецептот беше едноставен. Замина од ПСЖ и своето име и слава стекната со триколорите почна да го наплаќа по други екипи низ Европа, клубови што се изгореа поприлично со нагажманот на Акамбре. 
Прв Веспрем, таму не ни се избори за минута, потоа Целје, добредојено за да почне да ја враќа формата, а годинава Мешков Брест. 
Белорусите никако не можат да формираат стабилна бековска линија. Минатата година се обидоа со Павел Хорак кој си замина по една сезона, сега со Акамбре, но и тој ќе си оди. 

Француски медиум тврди дека е договорено неговото враќање во Франција. Екс Прованс е екипата со која Акамбре наводно веќе има договор. И не само тој туку уште двајца Шпанци (Сегеј Ернандез и Имањол Гарсијандиа) и Исланѓанецот Орн Кристијансон. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk