Чешка е следна и последна шанса за ЕП

Македонија е поразена на првиот меч од квалификациите, со убедливи девет гола разлика (26-35) од дуелот со Шведска.
Нашите репрезентативки одиграа во рамките на своите можност, Швеѓанките исто, разликата во квалитет е очигледна, а девет гола разлика е во моментов реална слика за македонскиот женски ракомет. 

Чешка е следниот предизвик за женската репрезентација на Македонија. По резултатите остварени во првото коло во кое Македонија загуби во Шведска, а Чешка лесно на крај излезе со Португалија, се остваруваат најлогичните прогнози дека за второто место во групата ќе се борат Македонија и Чешка. Со тоа што Македонија и на овој натпревар ќе биде аутсајдер, иако го игра на домашен терен. 

Но, следната шанса извесно ќе биде и последна. Ако Македонија не успее да ја совлада Чешка утре во Скопје, тогаш извесно ќе се збогува со шансите да се пласира на ЕП 2020. 

Затоа утрешниот меч за Македонија има етикета „се или ништо“. Противникот е во многу поповолна позиција, но свесен дека уште во септември може да почне да се подготвува за пат во Данска или Норвешка. 


РЕЗУЛТАТИ 

ГРУПА 1
Холандија - Австрија  32-24
Шпанија - Грција   33-18
ГРУПА 2
Ц. Гора - Италија  41-17
Унгарија - Литванија  33-19
ГРУПА 3
Германија - Белорусија  40-30
Словенија- Косово  32-23
ГРУПА 4
Србија - Швајцарија  35- 23
Русија - Словачка  34-15

ГРУПА 5
Шведска - Македонија  35-26
Чешка - Португалија  31-20

ГРУПА 6
Хрватска - Исланд  27-8
Франција - Турција 38-17

ГРУПА 7
Романија - Украина 27-24
Полска - Ф. Острови 28-16
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk