Работнички со победа го затвори колото

РАБОТНИЧКИ - МЕТАЛУРГ 2    37-31 (16-11)
РК Работнички: Куртановиќ, Петковски, Михајловиќ 2, М. Кочаров, С. Кочаров, Гичев 5, Илиевски 1, Темелкоски 5, Палевски 16, Јосифовски, Бошковски, Сулима 8, Пољак, Стефаноски, Фиданов.   
Седмерци: 10/12.     Исклучувања: 14 минути.    Црвен картон: Пољак  во 47. минута.
РК Металург 2: Василевски, Божиновски, Ацевски, Михајлов 1, Мелоски 5, Кофиловски 5, Савковиќ 3, Митиќ 1, Ристовски, Георгиевски, Љубевски, Стојановиќ 6, Гајиќ 4, Додиќ, Ефтимов,  Стоилевски 6    
Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 14 минути.     Црвен картон: Андреј Митиќ во 57. минута.

Последниот натпревар од третото коло во Супер лигата го одиграа екипте на Работнички и Металург 2, во Кале, домот на Работнички. 

Победи домашниот тим, 37-31 на натпревар на кој гостите од амбисот се вратија во игра за бод, за одново да се вратат во голема негатива. 
Работнички искористи кризен период на гостите и во воведниот период со серија од 11-3 стигна до водство од 14-6. Но, средбата не беѓе решена, Металуг 2 до крајот на првиот дел намали на 11-16, а во второто полувреме, во првите 15 минути намали на минус 3 (20-23), а потоа стигна и на само гол заостанување (24-25). 

Работнички предводен од некогашниот играч на Металург и репрезентативен потенцијал Давор Палевски (16 гола) не дозволи комплетен пресврт. Заиграа поцврсто, го принудија противникот на грешки и одново гостите беа во кризен период, овој пат без шанса да се вратат во игра и средбата заврши со сигурна победа на Работнички од шест гола разлика. 

Во Супер лигата, утре се игра дербито меѓу Металург и Бутел Скопје, а викендов Струга игра со Вардар Јуниор, Охрид со Радовиш и одново ќе ги видеме Металург 2 и Работнички. 
Металург 2 против Пелистер на домашен терен, а Работнички гостува на Пролет. 

фото: rkmetalurg.mk
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk