Бесплатен влез за дуелот со Чешка

Женската репрезентација на Македонија утре ќе гостува во Шведска, а потоа на домашен терен, на можеби решавачкиот меч за пласман ќе игра со Чешка во Скопје. 

РФМ денеска објави дека влез за тој натпревар во „Борис Трајковски“, нема да се наплаќа.

Ракометната Федерација на Македонија ги известува љубителите на ракометот дека сениорската женска селекција во сабота (28.09.2019) во СЦ "Борис Трајковски" во Скопје, ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Чешка 🇨🇿.
Да дадеме поддршка на нашата репрезентација, натпреварот почнува од 18:00 часот, влез слободен.


Македонија во овој квалификациски циклус е во група со Шведска, Чешка и Португалија. Две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕП 2020 што ќе се одржи во Данска и Норвешка од 3 до 2 декември 2020. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk