Кинески клубови ќе играат во Русија

Освојувањето на кинескиот пазар што заедно со пазарот во САД се една од клучните стратегиски насоки на ИХФ оди со крупни чекори. 
Откако Кинезите се откажаа од проектите во Данска, го добивме Пекинг Универзитет како член на СЕХА Гаспром,  со адреса во Загреб, а наскоро би можело да има и нова кинеска база, овој пат во женски ракомет и тоа стационирана во Русија. 

Претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев, беше во работна посета на ИХФ во Базел што  исто така е голем чекор напред во подобрување на нивните односи заладени по Конгресот на ИХФ во Анталија минатата година. 

Како една од идеите за соработка, била презентирана можноста во Екатеринбург да се формира кинеска ракометна база, а клубот или клубовите што ќе бидат таму да добијат место во руската Супер лига. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk