КОЛУМНА ДРАГАН ЃУКИЌ: Ко не слуша песму...

Авторот на колумната е master coach на ЕХФ,поранешен селетор на Ц. Гора, Македонија, Израел, Швајцарија, Јордан и селектор кој ја водеше В. Британија на ОИ Лондон. На клупски план бил тренер на Макаби, Мадеира, Вардар, Пик Сегед, Ц. Звзеда, Металопластика итн. Последен ангажман му беше тренер на женскиот мега проект ЧСМ Букурешт од Романија
 

Спуштена е завесата на уште едно, осмо по  ред издание на СП У19, а Македонија и овој пат се покажа како совршен домаќин. 

Самиот турнир? Е па таму „ништо ново“. Повторно најдобрите  не се тие што најмногу трчаат, туку тие што даваат се за да го заштитат голот. А дури потоа трчаат побрзо од пустинскиот ветер (за тие што се понадеваа дека нема да има трчање).
Скандинавците, посебно Данците, играа ракомет што не личеше на торнадо стил по што беа препознатливи во последната деценија.  Но, и анализите покажуваат дека од 2011 наваму бројот на напади, шутеви и голови на големите натпреварување е во постојано опаѓање. Во бројки тоа изгледа вака: од 61.5 на СП 2011 до 51 на СП 2019. Тоа што статистиката како бикини го сокрива, е дека истите тие Данци играат тактички зрело на ниво на сениори. И дека топката кај нив се движи со брзина на мисли и без ниту едно водење и задржување на протокот. И не дека сакам да толкувам правила, но нека ми објасни некој зошто во пасивна игра водењето на топка не се брои, а додавањето се брои, па се да ни биде „баш“ јасно.

Португалците, со сите пофалби од почетокот, на крајот станаа најголеми губитници, затоа што иако дојдоа да ја заменат Океанија и беа на раб на амбис на онаа чудна средба со Србија, уште еднаш покажаа дека е лесно или барем полесно кога се игра без пристисок и „морање“. Додека беше така играа феноменално, кога навистина стана важно, во полуфиналето и мечот за бронза, едноставно ги немаше на теренот.
Менталитет? Ќе покажат деновите што доаѓаат.

За тимовите од преку морето, предводени од египетските „синови на пустината“ , Јапонците кои ете почнаа да кинат скалпови на тимови како Македонија и Хрватска, до некои слични повици за будење, за екипи како Чиле кои го ифрлија Бразил од Квалификации за ОИ и им ја отворија вратата на Маноло Каденас и Аргентина кон Токио...навистина има некое предвидување во песната на Бело Дугме, за онаа земја што сите ја викавме моја/своја – Југославија. : Ко не слуша песму слушаће олују“

Мапата на ракометниот свет се менува и тоа што е најважно е дека треба да се биде спремен да се работи на себе...и да се работи, работи, работи... И пред да кажам уште некој збор за селекциите од овие простори, морам кажам дека е ужасно важно што сите овие селекции се уште се кадарни да се појават на големите натпреварувања.
Дека може полошо, покажуваат силите како Русија, Полска или Романија, земји со голема ракометна традиција и притоа и ден денеска со сериозни вложувања и многу поголеми потенцијали од секаков тип од човечки до материјални.

А ние такви какви што сме, ќе можеме и следното ЕП да го наречеме „Турнир Авној“. А и на овој имавме четири тима (МКД, СЛО, ХРВ, СРБ), но за жал ниту еден меѓу најдобрите осум.  Претходно зборував дека за мене цел на оваа возраст е воспоставување на систем на работа, тест за успешност на селекцијата, шанса да се помириса барут, да се запознаат ривалите  односно своевиден вовед во натпреварите то доаѓаат. Тука не смее цел да биде бркање на резултати, тукку долгорочен план, по можност вклопен во генералната стратегија на сениорската репрезентација, за секој играч поединечно.

Генерално гледано имам впечаток дека никогаш немало повеќе вложувања, а никогаш помалку вистински таленти. Словенија и посебно Хрватска  се селкции што на претходните првенства на оваа возраст имаа навистина запазени резултати и ако тоа го земеме предвид, веројатно тие сами нема да бидат задоволни со остварените резултати. Но, затоа, двете земји речиси комплетно извршија смена на генерации и новиот олимписки циклус го дочекуваат спремни.
Со сопствена стратегија кога е во прашање развој на играчи, препознатливи модели на работа и селектирање, мислам дека немаат причини за загриженост. Потсетуваме дека Хрватска годинава играше финале во јуниорска конкуренција.

Кога е домашната Македонија во прашање, факт е дека постои сериозна федерација што вложува значајни финансии и напори за да формира препознатлива школа за ракомет и начин на работа во селекциите. Но, заборавме притоа дека ракометот не се прави одозгора, туку дека талентите се развиваат преку секојдневна работа во клубовите и добро домашно натпреварување.  Фантастичните резултати на Вардар во последните години се одлични за европско лице на македонскиот ракомет. Но, во Вардар речиси и да нема македонски играчи или тренери.

Србија? Имам ли право одново да бидам изненаден од поразите од сите европски селекции зачинети со тој од Бахреин, затоа што и на претходното натпреварување на оваа возраст во 2017 во Грузија, Србија заврши само едно место пред овогодишното 19-то?
Ме чуди ли дека е ова најлошиот пласман на сите времиња на една европска селекција во категоријата кадети, ако се знае дека и во јуниорска конкуренција го држи тој неславен рекорд, 18-то место на СП во Солун 2011 со тогаш, по многумина исклучително талентирана генерација во која играа Милиќ, Ѓорѓиќ, Ненадиќ, Илиќ, Зеленовиќ, Беочанин, Пушица, Маркез, Николиќ, предводени од Игор Бутулија.

Дали е случајно и тоа што единствено Србија од сите европски селекции во Скопје не ја мина групната фаза, аако се знае дека пред 4 години во Бразил една исто така исклучително талентирана генерација во која играа Милосављев, Ѓукиќ, Терзиќ, Младеновиќ освојувањето на Президент Куп (17 место) го прославија со бањање како од мајка родени во јавна фонтана среде станбен блок и така неславно го завршија својот јуниорски стаж?

И дали навистина треба за тоа да не зборуваме, проблемите во воспитувањето да ги буткаме под тепих, да губиме талентирани генерации како на лента и единствено во промената на тренерите да бараме спас? И зошто ни смета кога истите тие момци облечени во униформите на сениорите ќе завршат на истото, резервирано 18-то место?

Нашиот народ вели, „што ќе посееш – тоа и ќе жнееш“, а Бреговиќ не би бил Бреговиќ ако тоа малку не го дошминка и обои со душа на уметник  : Ко не слуша песму слушаће...

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk