Куретков раскина со Ч. Медведи

Потенцијалниот репрезентативец на Русија, Максим Куретков (25) денеска го раскина договорот со екипата на Чеховски медведи. 
Куретков е играч од позицијата десен бек, позиција за која секогаш има заинтересирани клубови, па не се сомневаме дека брзо ќе се снајде. Исто како што не се сомневаме, дека наскоро во шпекулациите за трансфер од некаде ќе се појави и името на Вардар, што кога се руски репрезентативци во прашање основано или не, некако станува непишано правило. 

Куретков во Чеховски медведи мина пет години, и иако е репрезентативен материјал, не успеа да се наметне како прв избор кај Максимов, каде што конкуренција на десен бек покрај Александар Котов, годинава по преселбата од Вардар му стана и Димитри Кисељов. Се чини премногу за 25 годишниот бек и тој ќе си бара нова средина. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk