Со празен гол не се игра кај шампионот

ВАРДАР  - ПОРТО  32-27 (14-16)
Вардар: Гедбан (1 одб), Кугис (10 одб), Атман 3, Калараш 1, Дибиров 5, Криштопанс 7, Чупиќ 8 (3),  Карапалевски, Димитриоски, Кукулоски, Горпишин 1, Пелко, Шишкарев 4, Дизингер, Скубе 3, Горбок,


Втора победа во Лигата на шампионите запиша Вардар вечерва, откако Порто го положи оружјето во „Јане Сандански“. Виде мака Вардар, иако резултатот можеби ќе излаже. Цело прво полувреме водеа гостите, имаа контрола, игра, Вардар беше подзаспан. 
И потоа славниот стратег на португалсиот тим, Швеѓанецот реши да игра седум на шест. И тоа Вардар го чекаше цело време. Потоа Порто виде дека тоа е меч каде што поострата страна е наменета за нивната кожа. 

Вардар уште во првиот напад најде убава дупка во одбраната на Порто и Атман го отвори резултатот на задоволство на солидно пополнетата сала. На спротивната страна, Порто со шест напаѓачи имаше мака уште во првиот напад, но под закана за пасивна успеа да израмни.

Во следните два напада Вардар се обидуваше со два пивота, односно со уфрлање на Шишкарев и Дибиров на линијата, а како резултат на тоа имаше две загубени топки и Порто поведе со 3-1. И во продолжение не одеше како што треба, па Вардар загуби четири топки во напад за девет минути игра и тоа го чинеше негатива од 3-6.

Првото израмнување го дочекавме во 17 минута (8-8), откако Криштопанс ги презема работите во свои раце и постигна 3 гола. Два напада подоцна Вардар поведе со гол од седмерец, дело на Иван Чупиќ, а Криштопанс со четвртиот гол ги постави работите на свое место (10-8) и го принуди Магнус Андерсон да побара тајм аут. Две минути подоцна одново во водство беше Порто  (11-10), па сега Писонеро побара минута одмор.

Највисоката предност на Порто ја запишавме во 25 минута (14-10), а до неа дојде како резултат на нивната добра одбрана и бледиот напад на Вардар. Дури во  финишот на првиот дел Порто ја заигра очекуваната „7 на 6“ и успеа да се одбрани од налетот на Вардар. На одмор се замина со резултат 16-14 за Порто.

На Порто добро му одеше со шест напаѓачи, а со седум во игра се врати Вардар. Веднаш прими два гола на празен гол и Вардар по само две и пол минути се врати во водство (17-16).
Кугис запиша три одбрани, Вардар постигна четитри гола на празна мрежа и Андерсон побара тајм аут откако Вардар поведе со 22-19.

На Вардар толку му требаше, зема залет сила и веќе немаше назад за Порто. По 10 минути во вториот дел, Вардар водеше 24-20, Порто влегуваше од грешка во грешка и вардаровата публика конечно можеше да ужива во натпреварот без нервоза.
Порто продолжи да игра без голман, Вардар продолжи да го полни празниот гол и кон средината на полувремето беше 27-20 за Вардар. 

Последните десет минути Вардар го одржуваше стекнатото водство и стигна до планираните бодови. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk