ЛШ: Извини Целје, некој мораше да плати

Колку бил болен и фрустрирачки поразот за Барса во првото коло на гости кај Сегед, можеше на своја кожа да почувствува екипата на Целје од Словенија, а цела Европа да биде сведок и помалку да ги сожалува младите Словенци кои ја имаа таа несреќа со Барса да играат кога тие треба да се докажат. 

Два неславни рекорда постави Целје на своето гостување во Блауграна. Во поразот од 45-21, запишаа најмногу применти голови на еден натпревар во ЛШ и пораз со најголема разлика од 24 гола. Досега такво нешто им се немаше случено, но некој мораше да ја плати сметката од Сегед. 

Лука Циндриќ со осум гола беше најефикасен, а единствените во редовите на Барса кои не постигнаа голови се голманите Гонзало Варгас и Кевин Милер. 

Вчера се одиграа натпревари во сите групи. Висла Плоцк стигна до првата победа, а Бидасоа го декласираше финскиот тим Кокс, екипа во која играат 13 странци. 

Спортинг лесно го преслуша Татран и заедно со Бидасоа се издвои како топ фаворит за освојување на едно од првите две места, со оглед на тоа дека во првото коло славеше и во Битола. 


РЕЗУЛТАТИ
Група „А“
Флензбург - Елверум  26-29
Барса - Целје   45-21
Денеска:
Алборг - ПП Загреб (16:50ч)
ПСЖ - Пик Сегед  (19:00ч)

Група „Б“
Мешков - Монпље  25-27
Веспрем - Кил   31-37
Денеска:
Вардар - Порто (17:00ч)
Келце - Мотор  (20:00ч)

Група „Ц“
Савехоф - Работник  25-24
Бидасоа - Кокс  34-19
Спортинг - Татран  32-24

Група „Д“
Динамо (Б) - Кристијанштад  28-25
Висла Плоцк - Кадетен  27-24
Денеска:
ГОГ - Ч. Медведи  (15:10ч)





 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk