Драма во Скопје, Пролет и Металург одиграа нерешено!

ПРОЛЕТ - МЕТАЛУРГ  26-26 (13-15)
Андоноски 7, Ф. Василевски 7 - Шилегов 5, Танкоски 4
ПЕЛИСТЕР - ОХРИД  19-25 (10-10)
Дрогрики 4, Буторац 4 - Кривокапиќ 6, Блажески 6
ВАРДАР (Ј) - БУТЕЛ СКОПЈЕ   26-31 (10-16)
Карапалевски 8, Крстевски 6 - Милошевски 7, Младеновски 6
РАДОВИШ - СТРУГА  29-27 (14-12)
Илиев 9, Николов 5 - Кузманоски 7, Крстаноски 5, Новаковиќ 5

Ретко виден драматичен меч одиграа вечерва екипите на Пролет и Металург. Металург водеше цел натпревар, до 57 минута, но домашните се тие што на крајот гризеа усни заради пропуштената шанса да се победи големиот ривал. 
Пролет беше на чекорче до победа. Имае плус два во последната минута, но не освои само бод. 

Пролет му покажа-докажа на Металург дека итно му се потребни засилувања доколку во плановите се уште им стои пласман во групната фаза на ЕХФ Куп. Со ваков тим и ваква игра, групната фаза е далечна мисија. 

Средбата во салата на Пролет беше израмнета во текот на сите 60 минути. Металург имае повеќе водство во првиот дел, поточно водеше цело време, но освен во почетната фаза кога имаше 4-1, сето друго беше водство од гол или два разлика, а во финишот на првиот дел Пролет израмни на 11-11 и најави дека на овој меч нема да се откаже од бодовите.

На почетокот на вториот дел Металург поведе со 16-13 и тоа беше највисокото водство. Потоа Пролет израмни на 17-17 и од тој момент се играше гол за гол со тоа што одново Металург водеше, но во неколку наврати шанса за водство имаше и Пролет. 
Конечно, во 57 минута, по две пропуштени шанси Пролет за прв пат на мечот поведе 24-23. 
Следеше тајм аут, па престап на Шилегов, па пенал за Пролет. Пенал што Џонов го претвори во водство од 25-23, а точно една минута до крајот. 

Потоа Металург намали на 24-25, а Пролет заработи исклучување. Но, не се снајдоа домашните со пресингот, па загубија топка и направија ново исклучување. 
Со четири играчи во поле Пролет не се одбрани и Чантурија постигна гол за 25-25. 

Но, тоа не беше се. Пролет успеа во последните 13 секунди да упати шут и да погоди, но не и да се израдува. Следее брз центар и гол за 26-26, конечен резултат. 

Филип Василевски и Ласко Андоноски со по седум гола беа најефикасните кај Пролет, Мице Шилегов со 5 и Марио Танкоски со 4 во редовите на Металург
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk