Кил ја стиша Веспрем Арена

Првиот ладен туш по финалето на ланската Лига на шампиони, Веспрем го доживеа вечерва и тоа пред полна Веспрем Арена. 
Кил ги однесе бодовите од Унгарија на прилично импресивен начин. Предводени од Никлас Ландин и одличното трио Рајнкајнд - Билик - Пекелер, ѕвездите од северот на Германија славеа со 37-31 (16-13) и први удрија по ногарките на столицата на која удобно без со нешто особено да заслужил или оправдал си седи поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Давид Дејвис. 

Кил поведе со 3-0, потоа 5-2 и практично од првиот момент ја контролираше средбата. Веспрем во неколку наврати беше блиску, но ниту еднаш немаше вистинско решение за подолготрајно да му се спротивстави на Кил и да направи пресврт. 

Пекелер и Билик постигнаа по седум, Рајкинд осум за Кил, додека Нилсон и Јахиа со по пет гола најефикасни во редовите на Веспрем. 
Нашиот репрезентативец Дејан Манасков имаше лош ден и со скор од 0/4 ја заврши средбата. Ќе споменеме и дека до лани вардаровите играчи немаа гол. Борозан не ни беше во составот, а Мораеш заврши со запирка. 

Прв за отстрел се чини дека ќе биде шпанскиот тренер Алонсо кој од улога на асистент се провлече до тренерската позиција во Мешков Брест. 
Сезоната во ЛШ за Мешков Брест полека се претвора во промашување откако во првото коло водеа па загубија од Порто, а во второто водеа 50 минути, па загубија од Монпеље, овој пат на домашен терен (25-27). Паниќ и Ѓукиќ со по шест гола беа најефикасни кај Белорусите, додека исто толку голови за Монпеље постигна Мелвин Ричардсон. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk