ЕХФ СЕ ПОПРАВА: Шанса плус за кадетите за ЕП, за јунорите за СП

Првиот овосезонски состанок на Извршната Комисија на ЕХФ донесе неколку многу битни одлуки, од кои на крајот на денот, некаква корист можеби ќе видат и македонските (млади) репрезентации. 

ЕХФ се корегира, до одредена мерка. Додаде две нови квалификациски натпреварувања меѓу ЕХФ Еуро и ЕХФ Шампионатите од кои ќе може да се стигне до ЕХФ Еуро или пак да се дојде до СП. 

Според досегашниот систем, ЕХФ Еуро играа 16 репрезентации. Од нив 12 одеа на СП и не постојат дополнителни квалификации за другите репрезентации, на пример за тие што играат во ЕХФ Шампионатите. 
Од тие 16 репрезентации, две испаѓаат од ЕХФ У20, а се надополнуваат со две од ЕХФ Шампионатите до 18 години. 
ЕХФ Шампионатите до 20 години немаа никакво резултатско значење, што најдобро го почувствуваа Македонија и Чешка кога минатата година победија на турнирите и освен позлатената чинија и фотографија за спомен не добија ништо. 

Сега се воведуваат две нови натпреварувања. Во категоријата до М18 односно Ж17, во годината во која ќе се игра СП, ќе се играат допоплнителни турнири. Екипите од 12 до 16 место на ЕХФ Еуро ќе се борат за опстанок со три второпласирани екипи од ЕХФ Шампионатите. 

Во категоријата М21 односно Ж20, се воведува втора шанса за пласман на СП. Последнопласираните екипи од ЕХФ Еуро ќе играат со победниците или второпласираните екипи од ЕХФ Шампионатите за место на СП. 

Вообичаено недостасуваат детали во објаснувањата, па така ќе сочекаме на официјалната верзија на новите квалификациски турнири за да дознаеме колку екипи испаѓаат од ЕХФ ЕУРО, колку остануваат, а истото важи и за бројот на местата на СП. Како и тоа дали од следната година ќе бидат воведени овие дополнителни квалификации. Најавата е 2020, па очекуваме така и да биде. 

Македонија следната година е домаќин на ЕХФ Шампионат во кадетска конкуренција од каде што се обезбедува пласман на ЕХФ Еуро. Јуниорите кои во улога на кадети летово беа домаќини на СП ќе играат ЕХФ Шампионат од кој ете сега ќе имаат втора анса да стигнат и до јуниорско СП. 
 
  • A competition in-between for the M18 (MU19) and W17 (WU18) in the same year of the World Championships for this age category will be implemented for those teams not qualified directly for the World Championship (e.g. teams ranked 12 to 16 in the EURO and the 3 second ranked teams in the championships). This competition shall serve as an additional possibility to promote to the next EURO or to stay in the EURO and not as an additional qualification to the respective World Championship.
  • An additional competition for MU21 and WU20 teams in the same year of the World Championship for this age category will be implemented and shall serve as a ‘second chance’ to qualify for the MU21 or WU20 World Championship. This competition shall be played between the last ranked teams of the EURO and the championship winners (and/or 2nd ranked teams) which did not directly qualify for the World Championship.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk