СП 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка?!

Нова, чудна коалиција е склопена во обидот да се добие организацијата на Светското првенство во машка конкуренција што ќе се одржи во 2025 година. 

Хрватска, Данска и Норвешка испратија писмо со намери во ИХФ и ја најавија кандидатурата за мундијалот. Во оригиналното сценарио Швајцарија беше партнер со скандинавците, но нешто се има променето во тој сојуз и Швајцарија излезе, а Хрватска влезе како потенцијален коорганизатор.

Данска беше ко-домаќин на СП 2019 и тоа ги намалува шансите на оваа коалиција, но треба да видиме и кои ќе бидат противкандидати. 
Следниот мундијал, 2021 ќе се одржи во Египет, а во 2023 заеднички ќе организираат Полска и Шведска. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk