Балинген поразен по 19 месеци!

Екипата на Балинген за која сезонава настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески последен пат на домашен терен имаше загубено на 7 февруари 2018 година. Вечерва, 19 месеци подоцна и серија од 29 победи, Балинген повторно е поразен. 
Вецлар со Филип Миркуловски како капитен на тимот со 34-33 и гол на четири секунди до крајот со играч плус место голман славеше со салата на Балинген. 
Треба да напоменеме дека серијата од 29 победи на Балингнен главно се однесуваше на дуели од Втората Бундес лига. 

На катастрофалната статитстика на ЛШ, вечерва им се придружи и Бундес лигата, па затоа со мала резерва земете ги бројките.
Миркуловски постигна најмалку еден, Филип Талески најмалку два гола на овој натпревар. 

Жарко Пешевски постигна најмалку два гола за Штутгарт во поразот од 23-28 од единствената екипа со 100% ефект - Хановер. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk