Прволигашите се сретнаа со претседателот на РФМ

Горливиот проблем со спонзорирањето на спортските клубови со новата мерка „ваучер“ и натаму им создава големи главоболки на клубовите и федерациите. 

Ракометните прволигаши се договорија межусебе да ја стават во мирување одлуката дека нема да играат. Викендов ќе истрчаат на терен, но во меѓувреме побараа и средба со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов. Денеска беше остварена таа средба на која клубовите и РФМ направија еден чекор напред кон решавање на последиците од проблемот настанат со (не) доделувањето на ваучерите. 

Првата лига ќе почне и нормално ќе се играат три кола, односно до 6.октомври. Дотогаш би требало да добијат ваучери, и ако тоа биде случај првенството си продолжува нормално да тече. Но, доколку се случи да има ново одложување, тогаш е договорено да бидат укинати судиските такси за прволигашите како олеснителна мерка да можат да функционираат. Додека да стигнат втените ваучери.
Оваа одлука, треба да биде донесена/потврдна и на состанок на УО на РФМ. 

Прволигашите сега ќе го чекаат 6 октомври, а потоа во зависност од расплетот на ситуацијата, ќе се договараат за следните чекори. Укинувањето на таксите е прифатливо решение за продолжување на првенството и по 6 октомври, но во случај на негативен развој, што ќе се случува понатаму е неблагодарно да се прогнозира. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk