Прв пехар за Вардар сезонава

ВАРДАР - МЕТАЛУРГ  26-24 (16-10)

Вардар е победник  на третиот Супер Куп на Македонија, откако вечерва во Куманово беше подобар од градскиот ривал Металург. 
Вардар играше со комбиниран состав на оваа средба, но големата работа на почетокот на натпреварот, односно во првото полувреме ја завршија стартерите Дибиров, Криштопанс и Калараш. 
Уште во раната фаза, Вардар поведе со 6-3, а потоа полека ја заголемуваше разликата до 16-10 на полувреме. 

Во вториот дел на почетокот Металург за момент се закани, намали на 13-16, но потоа Вардар брзо ја врати разликата (25-19). Сергеј Гропишин беше големиот проблем за металурзите, а високата одбрана ефикасно ги решаваше проблемите, овозможувајќи му на голманот Кугис да стигне до 40-тина проценти одбранети удари.

До крајот на средбата Металург стигна до минус два, но не беше опасност за водството на Вардар.

Стефан Додиќ беше најефикасниот во редовите на Металург (5 гола) со солидна поддршка од голманот Дупјачанец,  додека кај Вардар Горпишин со 6, Калараш со 5 и Дибиров со 4 гола беа најефикасните. 

фото: macedoniahandball.mk
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk