АЛУШОВСКИ: Некои нови момци играа во вториот дел

Битолски Работник запиша втор минимален пораз во Лигата на шампионите. По домашниот од Спортинг (29-30), сега се поразени и од Савехоф (24-25), на натпревар на кој по првите 30 минути имаа водство од 15-10.
На прес конференцијата по натпреварот, тренерот Стевче Алушовски, вака ја аналиираше средбата:

„Одигравме сосема различно во двете полувремиња. Во првиот дел одигравме тактички дисциплинирано, ги спроведовме акциите што се договаравме... Во вториот дел, излегоа на терен некои нови момци. Играчи со толкаво искуство, со толку репрезентативни настапи зад своето име да играат вака... 
Но, немаме време за да тагувме, за три дена не чека нов натпревар во СЕХА лигата. Во Лигата на шампионите, се надеваме дека на третиот меч ќе ја запишеме и првата победа“, изјави Алушовски. 

Следниот натпревар на Работник е против Бидасоа Ирун во Шпанија. Се игра на 28 септември, а во меѓувреме имаат и дуел со Металопластика во Битола во рамките на СЕХА.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk