Пола Кометал е во тренерски води

Здружението на ракометните тренери го објави списокот на тренери што се лиценцирани за водење на натпревари од женската Супер лига за почетокот на сезоната. 
Од вкупно 13 екипи, седум екипи имаат дами за тренер. Тука се и екс ракометарките на Кометал, Јулијана Дамчевска, Драгана Ристова, Веселинка Треноска и Наталија Тодоровска. Би го дадале и Владимир Радиќ како поранешен тренер на Кометал на овој список. 

Сите екипи, во прв момент лиценцираа само по еден тренер. Во продолжението на сезоната, можат да ја збогатат листата доколку имаат тренер што го име потребниот степен за добивање на лиценца. 




Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk