Прволигашите викендов ќе играат

Викендов ќе стартуваат натпреварите и од Првата лига. Овие клубови беа договорени да не го почнат првенството се додека не биде решен нивниот статус со ветените ваучери. 
Првото коло веќе требаше да се одигра и е одложено. Но, денеска клубовите се договорија, како акт на добра волја и прв чекор кон решавање на проблемот викендов да излезат на терен. 
Претходно, ќе имаат состанок со претседателот на РФМ, Живко Муакетов на кој уште еднаш ќе ја прочешлаат моменталната ситуација и ќе бараат начин како да се реши прилично комплицираната состојба во која се најде спортот по воведување на ваучер системот. 

Одлуката да играат, како што не информираат, не значи и дека ќе продолжат да играат до крајот на првенството. Засега е одлучено, за да не трпат спортистите и целиот систем да се почне со првенството , но и натаму сериозна е опцијата да престанат да играат доколку не се преземат чекори за решавање на проблемот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk