ДРАГАН ЃУКИЌ: Песот што си го брка опашот не стигнува никаде

 Авторот на колумната е master coach на ЕХФ,поранешен селетор на Ц. Гора, Македонија, Израел, Швајцарија, Јордан и селектор кој ја водеше В. Британија на ОИ Лондон. На клупски план бил тренер на Макаби, Мадеира, Вардар, Пик Сегед, Ц. Звзеда, Металопластика итн. Последен ангажман му беше тренер на женскиот мега проект ЧСМ Букурешт од Романија
 

Спуштена е завесата на уште едно, осмо по  ред издание на СП У19, а Македонија и овој пат се покажа како совршен домаќин. 

Ова е шанса да кажам уште неколку непосредни запазаувања од  лице место. Поддржувач сум на индивидуализмот како пристап во тренажниот процес, сопствен пат, стил, пронаоѓање на моедал за своја нација, свој клуб, своето тел на крајот на краиштата.
И со години наназад не можам да се помирам дека ракометот стагнира и губи  идентитет.
Да не бидам погрешно сфатен, но погледнете ги само водечките тимови и селекции чии напади, тактична решенија, одбранбени формации личат како јајце на јајце. Ресавска школа или модерно кажано „copy-paste“ модел на успешните селекции. Тоа е како снежна топка што ќе се затркала кон дното на пирамидата, па често ако следите ракомет, не сте сигурни дали гледате екипа од Скандинавија, од исток или запад, од Балкан или Балтик.

Под пластот на глобализацијата, ако се осмелите да кажете било што поинаку, ќе ве обвинат дека не следите трендови и дека сега „така се игра“, без трошка желба да се влезе во сржта на проблемот.
Да банализирам, ќе се послужам со институцијата – загревање пред старт на натпревар. Со децении наназад – а се колнеме во тоа дека играта толку е променета што веќе не е ни налик на “оној“ ракомет од порано – сите екипи се загреваат на идентичен начин?!
И Корејци и Јапонци и Данци и Шпанци, па и наши добри Балканци (можеби за да не штрчат) ги гуслаат тие 30 минути без желба да било што во тоа променат.
 
Мојот омилен дел, во загревањето, е сепак, кога по загревањето играчите ќе отстојат 10-12 минути и минуваат низ разни протокли со што комплетно се обесмислува претходниот интензивен физиолошки програм на самото загревање. Ако баш се сака, може да се види барем еден меч, на оној другиот спорт со топка во чие средиште е играчот и во кој екипите по протоколите добиваат добополнително време за подготовка за игра.
 
И требаше да пројде прилично време, да на сцена стапи нова генерација на тренери кои не се плашат да бидат поинакви. И види, ново чудо, тоа се токму тие што стигнаа до финалниот викенд.
Египет, со многу поактивно учество на тренерот (овој пат во форма на помошник – легенда не само на африканскиот ракомет – Хусаин Заки), Германците со нешто подолго, но дефинитивно поинвентивно и крајно интересно загревање со моторички игрици или Унгарците со нивниот НБА - РПР (Reflexive Performace Reset) пристап.
 
И само на ова да останеше, а не остана, ќе беше за браво за новата генерација на тренери. По прв пат на големо натпреварување видовме похрабри, подлабоки интерпретации на зонските одбрани.
Или што би се рекло, да се мрднат малку патиките од линијата од 6 метри. Во скаутингот на противнкот, конечно, се дојде до моментот видео анализи да се прават во реално време, па така играчи/тренери веќе во паузата на полувремето добиваат неопходна информација (зборувам за ФРА/УНГ/ПОР) со чии аналитичари разговарав на лице место. Не се сомневам и дека другите се многу далеку.
Ова не води до вистинската суштина на натпреварувањата во млади категории – селектирање на играчи и нивна подготовка за моделот на работа што ги очекува во сениорските репрезентации. Значи учење во најубавото значење на зборот и никако НЕ како првенствено фокусирање на резултат.
 
Морам овде на кратко да се осврнам и на уште едно, помалку ригидно правило на ИХФ/ЕХФ што не дозволува комуникација на аналитичарите со клупата во текот на самиот натпревар. Живееме во време на современа технологија, па не гледам зошто би сметале правовремени, поитри тактички решенија на тренерите што можат само да го подобрат квалитетот на нашата игра. Или зошто е дозволена нивата комуникација со записничка маса или на судиите меѓусебно, а не е дозволено меѓу тренерите на еден ист тим? Тврдоглавите ултратрадиционалисти го чуваат ракометот од светот околу нас. Можеби затоа и има се помалку публика на трибините и дека тие што го гледаат ракометот се се постари по години. Треба да погледнеме околу себе, светот на младите припаѓа.
 
Кога зборувам за младите, на моја среќа имав шанса и задоволство ова лето да испратам во живо повеќе од едно натпреварување, а таму се појави и сосема нова генерација на судии.
Овој пат, комплименти на адреса ЕХФ/ИХФ. Одличен млад унгарски пар Биро/Киш (вториот ги има минато сите категории на Пик Сегед) беа речиси перфектни во финалето и ќе го следиме со заинтересираност нивниот развој, посебно ако се знае дека двата најинтересни дуели во Унгарија минатата сезона ги судеа странски судии. Французите Кармо и Мурх, па одличните Срби Јовандиќ и Секулиќ... Храбри решителни и непристрасни даваат многу причини за оптимизам. Посакуваме овој тренд да продолжи.
 
Во овој заклучок без заклучок, сакам да дадам осврт и на еден факт за кој многу малку се зборува, пишува, а притоа не смеам ни да помислам да не се ни размислува. Во веќе споменатата хиперинфлација на натпреварувања која неминовно има влијание да го збива календарот и веќе нема време за вистински тренажен процес (пост и пред натпреварувачки период веќе и да не постои, а со тоа ни време за одекватен одмор, а ни за неопходен додатна индивидуална работа за личен прогрес.
Тоа не носи во круг, во кој песот кој си го брка опашот не стигнува никаде подалеку од себе.
 
Со се повеќе инсистирање на периферни работи, бркање трендови (од гуру за ментална подготовка, до часови, денови, недели работа минати во физикалија и превенција од повреди, до најновиот софтвер за следење игра, анализа и статистика) заборавме на онаа мала работашто ги одвојува успешните од тие што се помалку успешни и која е незаменлива.
 
Во потрагата за светиот грал, во трка за успех по пократкиот пат некаде е заборавена самата суштина под име ВЕШТИНА. Оној запоставен дел, мајсторство како причина која засекогаш и бесконечно ги одвојува врвните од просечните. Мајстори на спорт во бившиот СССР можеа да се наречат само одбрани, најдобри меѓу најдобрите, Олимписки шампиони, шампиони за незаборав ... Мајстори!
 
 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk