ВИДЕО ЧЕЛИНЏ: Кои се правилата за користење на Челинџ

Со години ЕХФ и ИХФ се прозивани од разни ракометни авторитети, почнувајќи од играчи, тренери, новинари до генерално целата публика дека се интертни на промени и воведување на видео-технологија каква што одамна користат другите спортови. 

ИХФ и ЕХФ веќе имплементираа можност судиите да побарат прегледување на видео-снимка за спорна ситуација и таа се користеше уште на ЕП Хрватска 2018. 

Сега стигна и Видео Челинџ, можност и тренерите да побараат прегледување на видео-снимка и проверка, односно корекција на судиска одлука. 
Видео Челинџ со одобрување од ЕХФ и ИХФ годинава експериментално се користи во Данска, си има свои правила на користење и веќе предизвикува и негативни коментари. 

ДЕТАЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВИДЕО ЧЕЛИНЏ

Секоја екипа, односно нивниот тренер може да побара Видео Челинџ по еднаш во текот на натпреварот. Тренерот може да побара челинџ кога неговата екипа е во посед на топката и тогаш губи право на еден тајм аут доколку судиската одлука е исправна.
Може да побара проверка и кога противникот е во посед на топката. Но, во таква ситуација, доколку се констатира дека судиската одука е исправна, се досудува седмерец за противникот. 

Тренерот може да побара видео-челинџ во текот на целиот натпревар, но не и доколку ги има искористено трите тајм аути. Во таков случај, се досудува седмерец за противникот. 

Видео-челинџ може да се бара единствено на натпреварите што директно се пренесуваат на ТВ. 

Критиките за новата техологија стигнуваат од неколку страни. Првенствено, прегледувањето на ситуацијата трае неколку минути и со тоа се нарушува ритамот на натпреварот. 
Публиката нема увид во прелгедувањето на спорниот момент и едноставно треба да чека на одлуката на записничката маса. 
Место да се намали, со ова се зголемува притисокот врз судиите за време на натпреварот. 
Веројатно постојат ситуации и детали каде што картончето за видео-челинџ може да биде злоупотребено, посебно за нарушување на ритамот на натпреварот (читај: противникот). 





 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk