Kил ќе лета со дански крила

Кил е сериозно заинтересиран во своите редови, следната сезона да го доведе десното крило на данскиот Силкеборг, Јохан Хансен. 
За локалниот весник КЛ, директорот на Кил потврди дека подолго време го следат развојот на овој ракометар и дека следната сезона ќе биде зрел да заигра во екипа каква што е Кил. 

Јохан Хансен блесна минатата сезона, посебно на првиот натпревар од Лигата на шампионите кога на Чеховски медведи им даде 14 гола. 
Потоа до крајот на сезоната, постигна вкупно 67 погодоци. 

Кил на позицијата десно крило, сезонава ги има шведшанецот Никлас Егберг (31) и германскиот играч Оле Рамел (30). Екберг е првиот избор и така е уште од 2012 година кога од Копенхаген пристигна во Кил. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk