Богданци остана со еден клуб

Ракометната сцена во Македонија, следната сезона ќе биде посиромашна за еден клуб. Како што дознаваме, клубот  Младост 09 од Богданци, екипата што ја предводеше Мите Караиванов се повлекла од натпреварувањето. 
Богданци така останува само со еден клуб, Младост Богданци кои минатата сезона ја освои плеј аут лигата. 

Потписот на Мите Караиванов за струмички Астраион го најави овој епилог, сега и тројца други од попознатите играчи на овој клуб најдоа нови средина. Ампов се сели во Младост Богданци, а Лисичков и Узунчев во Партизан Гевгелија. 

Постојат најави дека уште еден клуб од првата лига ќе се откаже, но засега не може да се потврди или демантира со оглед на тоа дека сите клубови му најавија на РФМ дека нема да играат додека не добијат ваучери. 

Состојбата со ваучерите се уште не е решена, последните разговори се уште немаат конкретен резултат, па шампионатот е во мирување, иако требаше да почне викендов. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk