Македонската колонија отвори со пораз

Македонската колонија што настапува за екипата на Ратинген, германски тим што се натпреварува во Регионалната лига имаше неуспешен старт на сезоната.

Ратинген кој минатата сезона една победа го делеше од бараж за повисок ранг на натпреварување, уште во првото коло е поразен (28-31), како гостин на тим што има многу пославно минато и бундеслигашки настапи - Тусем Есен. 

Македонските ракометари и покрај поразот немаа лош настап. Петар Ангелов имаше 16 интервенции, Филип Лазаров беше стрелец на два гола, а добар во одбрана беше и Аце Јоновски кој и оваа сезона е играч-тренер на тимот. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk