Спортинг е за гол преголем залак за битолчани

Битолскиот Работник е минимално поразен во првиот меч од Лигата на шампионите одигран во Битола по 14 години. 
Спортинг Лисабон, екипа со неспоредливо повисоко реноме славеше минимална победа од 30-29, со тоа што го имаа последниот  напад и мирен финиш на натпреварот. 

Работник ја имаше својата шанса насекаде низ мечот. Средбата беше резултатски израмнета, но гостите беа тие што го контролираа резулатот, а битолчани бркаа израмнување. 

Ловро Јотиќ и Владислав Острушко со 5 гола беа најефикасни кај Работник, додека во победничкиот тим се истакна Јонеа кој постигна 10 погодоци. Во следното коло во Лигата на шампионите Работник ќе му гостува на Савехоф, кој во првото коло беше подобар од Татран Прешов.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk