Куманово живее ракометна бајка

Женскиот ракомет насекаде низ Европа е во надолна линија. Некогаш моќните и силни центри вклучувајќи ги и познатите скандинавски екипи од типот на Ларвик, Виборг, потоа руските Лада и Динамо, па назад кон Полска, на југ кон Австрија... 
Македонија е дел од оваа приказна и е во длабока криза женскиот ракомет. Репрезентацијата не е ни блиску до пласман на големо натпреварување, а клубовите се во очајна состојба. 
Најдобрата демонстрација ја имаше Металург, шампионот на Македонија кој на двете гостувања во Полска, губеше во просек со 29.5 гола разлика. 

Куманово, пак, е во сосема поинаков филм. Таму се живеат најубавите ракометни денови во женскиот клуб. Минатата година го освоија Купот на Македонија, беа блиску и до шампионскиот пехар, а годинава се на чекор да ни донесат бодови на меѓународната сцена, во ЕХФ Куп. 

Куманово двата меча со Славија Прага ги игра на домашен терен, а на првата средба победи со 27-24. Вториот меч се игра денеска од 18:30 часот. 
Грузиската интернационалка Медеа Чокели со 10 гола и новата репрезентативна надеж за селекторот Симовски, Ангела Јанкуловска со 9 гола беа творци на овој триумф. 
Денеска очекуваме верификација на пласманот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk