Прволигашите нема да играат

Развојот на настаните откако на седницата на владата не минаа измените во законот е во негативен правец. Екипите од ракометната Прва лига решија да ја активираат најавата дека нема да играат доколку не добијат и тие ваучер.
Уште во вторникот испратија заеднички известување дека нема да играат, а денеска и индивидуално ги информираат службите на РФМ дека нема да се натпреваруваат во ниту една конкуренција. Тоа значи дека во мирување ќе бидат нивните младински погони. 

Како што сме информирани, со исклучок на новите (КЛ7, Јехона...) сите други прволигашки екипи останале на зборот дека нема да играат. 

Неофицијално, се работи на решавањето на проблемот, но сега веќе и времето е фактор, а недовербата е уште поголема. Првенството треба(ше) да стартува викендов. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk