ПСЖ не му даде шанса на Нант

Пари Сен Жермен го совлада Нант (32-29) на првото големо дерби во францускиот шампионат. Парижаните предводени од Микел Хансен (9 гола) и Гудјон Валур Сигурдсон (7 гола) го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар. 

Нант во чии редови Кирил Лазаров постигна четири гола беше во неколку наврати блиску, на само гол заостаток, но парижаните не му дадоа вистинска шанса на противникот да се почувствува доволно моќен да за се бори за пресврт. 
На крајот, плус три разлика, резултат со кој можат да бидат задоволни парижаните, а Нант може да каже дека би достоен противник. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk