РНЛ „спрема“ дочек за Талески

Во рамките на петтото коло што утре почнува да се игра во Бундес лигата, во САП Арена, домот на Рајн Некар Ловен гостува екипата на Балинген. 

Тоа значи враќање на Филип Талески пред добро познатата поублика, но овој пат во дрес со поинаква боја од таа што ја носат домашните ракометари. Шанса за ново докажување, за потсетување на клубот во кој мина три години дека испуштил од раце квалитетен ракометар. 

„Ова ќе биде повторна средба со Талески и Липовина. Двајца наши играчи што летово од РНЛ заминаа во Балинген. Ова балканско дуо минатото коло го водеше клубот го сензационална победа од 36-23 над Мелзунген. И сега имаат четири бода што е многу повеќе отколку што се очекуваше од аутсајдерот на почетокот на сезоната“, објави РНЛ во својата најава на натпреварот што утре од 19:00 часот се игра на теренот на „лавовите“ предводени од новиот стратег Кристијан Андресон. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk