Гледајте денеска: Лазаров против ПСЖ

Денешната ракометна понуда има француски специјалитет на менито. Во рамки на второто коло во францускиот шампионат во „Пјер де Кубертен“ во Париз гостува екипата на Нант. 

Кирил Лазаров ќе се обиде да го сушти на земја составот на Раул Гонзалез уште во раната фаза на првенството. Двата тима имаа победнички старт во Лигата. Нант бепе подобар од Данкерк (29-24), додека ПСЖ ја совлада Истра (35-25). 

Пренос од овој натпревар ќе има на тв каналот Арена Спорт. Средбата почнува во 20:45 часот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk