ГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕСКА: Стартува Лигата на шампиони на ЕХФ

Лигата на шампионите на ЕХФ, во својата последна сезона на постоење како Лига во која играат 28 екипи во веројатно најфер одбраниот систем досега, стартува денеска од финскиот град Рихимаки. Со почеток во 19:00 часот на терен ќе истрчаат финскиот клуб Кокс и Савехоф од Шведска. Натпревари од групата „Ц“ во која е и битолски Работник. 

Кокс, шампионот на Финска и ланското пријатно изненадување, годинава продолжува каде што застана. Во тимот со 17 играчи дури 14 се странци. 
Меѓу нив има и едно познато име од овие простори - Александар Гуглета. Поранешниот играч на Металург и македонски зет замина за Финска каде што заедно со сонародникот Басариќ и Мемиќ и Пуљизовиќ од БиХ, прават мини балканска колонија. Но, нивни главни играчи се Финците Нико Ронберг и Тами Таминен. 

Противник на Кокс е шведскиот тим Савехоф. Оваа екипа се соочи со неочекувани проблеми непосредно пред стартот на првенството. Јонас Лархолм, ракометарот што требаше да биде играч-тренер откако ги одработеа подготовките даде отказ. Семејни причини е официјалното објаснување. 

Овие две екипи ќе играат со Работник и ќе гостуваат во Битола. Татран Прешов, Бидасоа и Спортинг ја комплетираат групата во која е битолскиот клуб. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk