Бутел со победа го затвори првото коло

ПЕЛИСТЕР - БУТЕЛ СКОПЈЕ   24-26 (12-14)
Петровски 7, Димитровски 3, Буторац 3 - Мајиќ 9, Ѓоргиевски 5, Печенковски 3

Пелистер со изменет состав, со играчи што иако звучи неблагодарно ќе беа вишок во Работник, ја почна сезоната и одигра добар меч во кој имаше реални шанси и да освои бод или три од фаворитот Бутел Скопје. 

Израменто и рамноправно се играше во најголемиот дел од првото полувреме, пред Бутел да поведе со 10-8 и потоа на полувреме да замине со 14-12. 
Пелистер се врати во игра со 4-0 серија поведе со 16-14 и потоа водеше 18-16, пред Бутел да врати со серија 4-1 и да поведе 20-19. 
Потоа поведе Бутел и со 23-20 или вкупно 7-2 за потоа мирно да го приведе мечот кон крајот. 
Дарио Петровски со седум гола беше најистакнат стрелец за Пелистер, Мирко Мајиќ со девет гола во редовите на Бутел и воопшто на натпреварот. 

СУПЕР ЛИГА
1. Коло
Пелистер - Бутел  24-26
Металург 2 - Металург   30-37
Пролет - Охрид  21-19
Радовиш - Вардар  32-28
Работнички - Струга 24-24
2. Коло (14.09)
Бутел - Радовиш
Металург - Вардар (Ј)
Охрид - Работнички
Металург 2 - Пролет
Струга - Пелистер

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk