Лазаров доби ветеран за соиграч

Екипата на Нант и Кирил Лазаров годинава нема да ги гледаме во Лигата на шампионите, но тоа не значи дека битките во францускиот шампионат нема да бидат интересени. 

Нант за кој игра Кирил Лазарв се соочи со неколку промени и сега бараат решение за позициите што се покажаа проблематични, а позицијата лев бек е една од нив. 

На само неколку дена од дуелот со Пари Сен Жермен, Нант го надополни ростерот со поранешиот шпански репрезентативец Антонио Гарсија Робледо. 
Тоа е 35-годишен ветеран кој сезоната ја почна во екипата на Гранољерс. Трансферот е реализиран и тој веќе се пофали со новиот дрес. 

Има големо искуство акумулирано овој ракометар, останува да видиме дали има сила и свежина да се носи со 10-тина години помладите колеги и противници. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk