Дизингер и Скубе спремни за Монпеље

Лигата на шампионите понува за пет дена, по што конечно ќе можеме да избришеме дел од прашалниците што лебдат околу Вардар по Супер Глоуб и стартот на сезоната во СЕХА. 

Но, најважното во моментов е што Писонеро на својот прв натпревар во ЛШ ќе може да смета на сите играчи освен на Стоилов и Толедо. 

Во игра се враќа Сташ Скубе кој имаше мала повреда заработена на тренинг, па не отпатува за Украина за да се залечи и да се избегне ризик да се влоши таа повреда. 

На натпреварот со Мотор се повреди Кристијан Дизингер, па откако излезе во првиот дел не влезе повеќе во игра. И таа повреда за среќа не е сериозна. Прегледите покажале дека нема штета, па вечерва почнува со тренинзи и ќе биде во составот за мечот со францускиот Монпеље, првиот на списокот на противници за ЛШ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk