ЕП 2020: Германија ќе ја тестира салата во Виена

Противникот на Македонија во прелиминарната рунда на ЕП, домашната Австрија денеска се пофали дека закажала уште еден контролен натпревар и тоа финален, како последен тест пред стартот на ЕП. 

Гостин на Австрија на 6 јануари во Виена Штадхале ќе биде репрезентацијата на Германија. Оваа средба покрај финалната проверка на играчите ќе биде искористена и како финална проверка на целиот организациски протокол што ќе биде на сила за време на ЕП. 

Германците своите натпревари ќе ги играат во Норвешка, во Трондхајм, додека Австрија во споменатата сала ќе ги пречека Чешка, Украина и на последниот дел од прелиминарната рунда - Македонија. 

Австријците денеска почнуваат со подготовки. Селекторот Алеш Пајовиќ повика 16 ракометари од доманиот шампионат вклучувајќи го овде и Раул Сантос, левото крило кое се рехабилитираше од повреда, но се нема има вратено во форма. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk