ЕП 2020: Австрија ги почна подготовките

Новиот селектор на Австрија, Словенецот Алеш Пајовиќ повика 15 ракометари од домашното првенство плус Раул Сантос со Германија за првиот собир на Австрија. 
Со ова домаќинот на ЕП и противник на Македонија во групата стана првата репрезентација што официјално ги почна подготовките за ЕП 2020. 
Раул Сантос е повикан затоа што има долга пауза, се рехабилитираше десетина месеци, а сега сезоната ја почна во трета лига во Германија. 

Австрија објави дека во октомври за време не Недела на ЕХФ, ќе одигра два контролни меча. На 25 октомври со Србија и на 27 октомври со Холандија. 

Спаринг партнери имаат и другите противници на Македонија во прелиминарниот дел. Украина во октомври ќе патува во Тунис и ќе одигра два меча со соодветниот тим на Тунис, а во јануари ќе игра контролни натпревари со Холандија и Швајцарија. 

Чешка во неделата на ЕХФ ќе одигра два натпревара со Швајцарија, во декември ќе спарингува со Словачка, а во јануари ќе игра контролни натпревари со Унгарија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk