Конечно, блеснаа Талески и Пешевски

Филип Талески беше најдобриот играч на Балинген во сензационалната победа од 36-23 над Мелзунген, екипа што во улога на фаворит допатува во Балинген. 
Македонскиот репрезентативец воедно го одигра и својот најдобар меч сеонава, постигна 6 гола од 10 обиди и имаше 4 асистенции. Уште побитно, голови постигнуваше во моментите кога Мелзунген имаше каква-таква шанса да се врати во игра. Балинген на домашен терен е непоразен цели 29 натпревари по ред. 

Жарко Пешевски доминираше на линијата на дуелот меѓу Штутгарт и Минден. Посебно во првото полувреме. Во вториот дел, одбраната на Минден мораше со посебно внимание и употреба на сила да дејствува кон македонскиот пивот кој мечот го заврши без да промаши со вкупен скор - 4/4 и три изнудени пенали. 
Средбата заврши нерешено 24-24, а Штутгарт го имаше последниот напад во кој не успеа да постигне гол.

Вецлар играше добро додека Миркуловски беше во игра, а откако беше заменет, Бергишер стигна до плус четири. Тоа беше недостижно за Вецлар и откако беше вратен Миркуловски, во последните 10 минути. Повик за внимание е одличната партија на чешкиот голман Томас Мрква. Со него ќе си имаме проблеми на ЕП Австрија. Бергишер победи со 33-30.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk